Клаус-Петер Лухт, потпретседател на Здружението на фармери од Шлезија и Холштајн, за дневниот весник Билд изјави дека лебот наскоро може да чини 10 евра.
Поскапувањето веќе се чувствува во супермаркетите, а недостигот на масло и брашно е повеќе од видлив.
Изминатата недела индивидуалните дисконти поскапеа скоро 150 производи.
Килограм брашно сега чини 45 центи, што е поскапување за 15,6 отсто, тост лебот наместо 79 центи чини 89, а половина килограм „пена ригата“ наместо 49 центи чини речиси 69 центи.
Цената на органското кафе поскапе за цело едно евро.
Лухт предупредува дека некои производи може целосно да исчезнат од полиците, како сончогледово масло, џем …
Во многу продавници во раните утрински часови се грабнува сончогледово масло, а таму каде што може да се најде наместо 1,39 евра за литар чини 1,79 евра.
Во проблеми е и Австрија
Лебот и пецивата ќе поскапат до 20% во Австрија, најавува претставникот на австриските пекари Јозеф Шрот.
„Тоа го поскапува брашното, а со тоа и лебот, лепчињата и сите колачи. Во зависност од производот, очекуваме скок на цената меѓу 10 и 20 отсто. Не можеме поинаку“, објасни Шрот за дневниот весник „Естерајх“.
Тој рече дека значително поскапеле не само суровините, туку и енергијата.
„Морам да испечам леб и потоа да го доставам. А таму ги имаме трошоците“, вели Срот.
Живинарите „плачат“ и во Австрија. Велат дека поради недостигот и поскапувањето на храната, односно житариците, од кои Русија и Украина се најголеми светски извозници, треба да се очекува поскапување на месото и јајцата.
И Хрватска се плаши од цените
Поради поскапувањето на пченицата, обичниот, бел леб во Хрватска би можел да достигне невидена цена од дури 15 куни (околу две евра) по парче, потврди директорката на Житозаједница, Нада Баришиќ, за загрепски Јутарњи лист.
Баришиќ вели дека пекарската индустрија е прилично загрижена бидејќи цената на пченицата е на рекордно ниво, а таа се менува толку брзо што договорите со добавувачите се потпишуваат на најмногу еден месец бидејќи никој не може и не сака да гарантира дека цените нема да се промени.
„Како што можете да видите, килограм брашно во продавниците сега е десет куни, што е најдобар доказ за состојбата на пазарот. Цените на пекарските производи во Хрватска генерално постојано растат од 2020 година, и иако повеќето аналитичари претходно предвидуваа дека ситуацијата до сега ќе се стабилизира, тоа не се случи и го гледаме пазарот див, како резултат на растот на цените на енергијата и горивата на од кое зависи земјоделството“, рече Баришиќ.
За разлика од Чесите, кои бараат ограничување на извозот на пченица, Баришиќ вели дека во Хрватска такви акции не се неопходни бидејќи пченицата е една од ретките намирници што Хрватска ги има во доволни количини за своите потреби.