- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);
- за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);
- за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток);
- и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).
Започнува етапната исплата на мартовски пензии
Денеска започнува етапната исплата на мартовските пензии, кои се повисоки за 1.000 денари.
Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, повеќе од 330 илјади пензионери ќе ги добијат дополнителните 1000 денари со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април и мај.
Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид 19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни