Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор во неделата го повика рускиот колега Владимир Путин за прекин на огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија на Украина.
„Ердоган ја истакна важноста на прекинот на огнот меѓу Русија и Украина, спроведувањето на мирот и подобрувањето на хуманитарните услови во регионот“, соопшти неговиот кабинет, а пренесе Ројтерс.
„Претседателот Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да дава секаков вид на поддршка во врска со процесот“, напиша во неделата канцеларијата на турскиот претседател на Твитер.
Се додава дека Путин и Ердоган се договориле следната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина да се одржи во Истанбул.