Полска уапсила руски државјанин под сомнение дека шпионирал, соопштија полските специјални служби.
Мажот, кој е долгогодишен жител во Полска, беше уапсен минатата недела и му е одреден притвор.
Рускиот бизнисмен, наводно, собирал информации за воената подготвеност и на полските и на НАТО-трупите стационирани во земјата.
Минатиот месец Полска протера 45 руски дипломати осомничени дека работеле за руските разузнавачки служби – што доведе до протерување на исто толку вработени во полската амбасада од страна на Москва.
Полска е водечки глас во Европската унија кој бара построги санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Во одделен случај, минатата недела во Полска беа уапсени двајца белоруски државјани осомничени дека шпионирале за нивната земја. Тие, наводно, биле вклучени во напорите за идентификување на стратешките одбранбени објекти во земјата.