Македонија

Возел со 203 километри на час на автопатот Скопје – Свети Николе, полицијата го казни

Возел со 203 километри на час на автопатот Скопје – Свети Николе, полицијата го казни

Денеска (07.10.2026) во 16:00 часот, на автопатот Скопје – Свети Николе, на околу 3 километри пред НС Преод, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на уред за мерење на брзина „LaserCam 4“, измериле брзина од 203 километри на час на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото се движело надвор од населено место, каде максимално дозволената брзина е 130 километри на час.

Против возачот се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сообраќајните контроли продолжуваат на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја приспособат брзината кон условите на патот, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни