Има сериозни несогласувања меѓу Министерството за надворешни работи и надворешнополитичкиот тим на премиерот на Бугарија Кирил Петков за прашањето за евроинтеграциите и преговорите со Република Северна Македонија. Ова го потврди министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
Таа рече и дека не постои документ меѓу Северна Македонија и Бугарија што е основа за преговори. Речиси ниту една од другите четири точки од Протоколот 4 + 1 не е спроведена од Скопје, појасни таа.
Таа објасни и дека нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на Република Северна Македонија за да се регистрираат Бугарите во него како државотворен народ.