Умерено до значително облачно – кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд
Умерено до значително облачно, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови, а повремените врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе се прошири засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со слб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 23 степени.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни