Пендаровски: Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг
Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка.
„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка. Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг“, напиша Пендаровски.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни