Свет

ОН се длабоко загрижени поради насилството меѓу Израел и Палестинците

ОН се длабоко загрижени поради насилството меѓу Израел и Палестинците

Обединетите нации изразија „длабока загриженост“ поради ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестинците откако денеска повторно избија судири во областа на џамијата Ал Акса во Ерусалим.

– Длабоко сме загрижени поради ескалацијата на насилството на окупираните палестински територии и Израел во текот на овој месец, рече Равина Шамдасани, портпаролка на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, пренесува БГНЕС.

Изјавата доаѓа откако израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека Хамас е одговорен за растечките тензии во Израел и палестинските територии.

Тензиите на палестинските територии се високи од почетокот на април поради повторените израелски кампањи за апсења на Западниот Брег.

Десетици Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили минатиот петок во комплексот на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни