Педесет и осми ден од војната во Украина. Според најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, нема да има примирје ниту за време на претстојните велигденски празници.
Тој тврди дека Русија не се согласила на примирје, но, посочува, се уште се надева на мир.
Истовремено, тој ги повика западните земји да и дадат повеќе оружје на Украина.
Мариупол, за кој Москва тврди дека ја презеле контролата, останува во фокусот на војната што започна на 24 февруари.
Киев вели дека 120.000 цивили не можат да го напуштат градот, што повеќе го нема поради континуираното руско гранатирање на војната.
Тешка артилерија, муниција и беспилотни летала пристигнуваат во Украина од САД.