Помошникот државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид од 25 до 29 април ќе престојува во Западен Балкан при што во рамки на турнејата ќе ја посети и Северна Македонија.
Како што соопшти Стејт департментот, Донфрид во Скопје доаѓа на 28 април, каде на средбите со функционерите на Северна Македонија, ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.
Таа ќе ја повика Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да ја продолжат блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната стабилност.
Дел од турнејата на Донфилд на Западен Балкан се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово од каде ќе ја започне посетата на регионот.