Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим
Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, вечерва од Ерусалим, ќе пристигне во Македонија.
Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.
-Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет, соопшти Македонска православна црква – Охридска архиепископија.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни