На истокот од земјава и натаму се регистрирани нови потреси. Последниот и најсилен е попладнево нешто по 16 часот и 30 минути.
Епицентарот на македонско-бугарската граница, а јачината е 4.2 степени по рихтер.
Жители од Берово и Пехчево јавуваат дека се осетил силно.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 25.04.2022 година регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Делчево Берово, Пехчево и околината.