Македонија

Ковачевски: Лидерска средба може да има, но за стратешки прашања

Ковачевски: Лидерска средба може да има, но за стратешки прашања

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите истакна дека лидерска средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски може да има но за стратешки прашања.

„Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина. Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии – постои“, порача Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни