Македонската претставничка на Евровизија се извини – „Немав намера да навредам некого со тоа што го фрлив знамето на земја“
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска вечерва се огласи по повод скандалозното фрлање на македонското знаме.
Според неа, тоа не било од омраза туку едноставно македонската делегација била далеку и затоа се одлучила да го фрли истото.
„Тука сум да ја претставам Македонија во најдобро светло, се надевам дека ќе можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива“, вели таа.
Во продолжение целата изјава:
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни