Македонија

Шаленберг: Ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Македонија

Шаленберг: Ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Македонија

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, порача дека ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Македонија.

„Македонија е пример за тоа како земја што треба да и пристапи на Европската Унија. Го сменивте името, дадовте голем придонес за стабилноста. Ова треба да биде тест и за ЕУ. Унијата треба да покаже дека постои геополитичка сила да направи соодветен чекор и дека треба да направи чекор кон нов процес. Не постои всушност политички вакуум, ние треба да придонесеме кон нов стабилен модел, или ние ќе испорачаме тука или ќе се соочиме со некои други држави коишто може ќе нанесат и нестабилност“, додаде Шаленберг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни