Македонија

Цените на бензините остануваат исти – на дизелот се намалува за 2,5 денари

Цените на бензините остануваат исти, додека пак цената на дизелот се намалува за 2,5 денари вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 92,5, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 87 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 85 денари за литар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни