Македонија

Кога се очекува да се намали цената на зејтинот?

Кога се очекува да се намали цената на зејтинот?
Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера на ТВ21 истакна дека целосното отворање на увозните коридори во Украина ќе овозможат намалување на цената на маслото за јадење во земјава. Според него, тоа ќе зависи од светските пазари, но и од цените на инпутите. „Тоа зависи од светските пазари и зависи од цените на инпутите како што се сончогледот и нерафинираното масло кои главно се увезуваат од Украина и Бугарија, но мислам дека доколку се отварат сите увозни коридори од Република Украина, тогаш верувам дека цените ќе се стабилизират“, додаде Бектеши.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни