Македонија

Горан Мисовски – единствен кандидат за наследник на Тито во НСДП

Горан Мисовски – единствен кандидат за наследник на Тито во НСДП

Централниот одбор на НСДП денеска на Петтиот конгрес на партијата за единствен кандидат за претседател го утврди Горан Мисовски.

“Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки“, посочуваат од партијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни