Утре од 09:00 до 12:30 часот, Амбасадата на САД во Скопје ќе спроведе целосна безбедносна вежба во просториите на својата зграда и околината.
Вежбата ќе се изведува во партнерство со Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт.
Амбасадата ги известува граѓаните дека непосредно пред почетокот на вежбата МВР ќе ги затвори патиштата кои водат до Амбасадата.
„Им благодариме на сите граѓани за разбирањето и трпението додека спроведуваме вежби кои помагаат да се зголемат вештините на Амбасадата и безбедносните сили на Северна Македонија“, велат од амбасадата.