Македонија

Мицкоски смета дека интерпелација против Џафери нема да успее – „Ковачевски ако го нападне Џафери, ќе му падне Владата“

Мицкоски смета дека интерпелација против Џафери нема да успее – „Ковачевски ако го нападне Џафери, ќе му падне Владата“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека интерпелација против Талат Џафери нема да успее бидејќи доколку премиерот Димитар Ковачевски го нападне Џафери, ќе му падне Владата.

Мицкоски го спомена и вчерашниот натпревар во Чаир на кој Ковачевски беше присутен, а покрај него беа и Џафери, Али Ахмети и Артан Груби.

„Се е на маса. Интерпелација, објективно сега да збориме пред граѓаните, таа нема да успее бидејќи Ковачевски ако го нападне Талат Џафери ќе му падне Владата. Вчера го гледаме таму на еден стадион во Чаир како навива, помеѓу Али Ахмети и Талат Џафери седнат. И тоа доволно јасно прикажува во каква улога е тој човек и зошто велиме дека е заробен“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни