Македонија

Ништо од Клинички центар во Ѓорче?! – Министерот Сали соопшти нова можна локација

Ништо од Клинички центар во Ѓорче?! – Министерот Сали соопшти нова можна локација
Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција ја истакна поранешната касарна „Илинден“ како една од трите можни локации за изградба на нов клинички центар. Според него, сè уште целосно не е отфрлена локацијата во Ѓорче Петров, која беше одбрана за новиот клинички центар додека министер беше Венко Филипче. „Јас иницирав работна група и од опозицијата и од позицијата во политичкиот дел да имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа која што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да каѓам дека начелно надмината е таа пречка, меѓутоа но не сме до фаза на избор на локација, износ кој ќе биде потребен за изградба, величина колкава ќе биде. Локацијата не е одредена сто посто. Една е Илинден, меѓутоа има три позиции кои се предмет на дискусија. Која од локациите ќе биде одредена, освен од политичкиот момент, кој што не е главен, ќе биде од делот на катастарските услови – дали може и во кој период би се градела. Клиничкиот центар треба да се изгради на локација со постојна логистика, да не трошиме дополнителни средства за оддалеченост која во минатото била предмет на дискусија и блокирање. Локациите засега сè уште се Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има постоечка болница со надградување и проширување на дејноста“, рече министерот Сали.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни