Македонија

„Збогум Никола“ – Спасовски се присети на протестите од пред 7 години

„Збогум Никола“ – Спасовски се присети на протестите од пред 7 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави фотографија од протестите во 2015 година.

Тој додаде дека заедно се обединиле Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи бидејќи и мислеле добро на државата, и имале безброј причини да протестираат против суров режим.

„„Оди си“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“, „Слобода“, „Готово е“…Ова беа дел од натписите на транспарентите на граѓанскиот протест 17.05.2015 против режим на кој заедно со граѓаните му порачавме Готово е! – со веење македонски и знамиња на етничките заедници, со обраќања на врвни професори, студенти, уметници, граѓански активисти, во мирна атмосфера, точно знаевме кои се причините за крајната цел – оставка на премиерот Никола Груевски и на целиот владин состав“, напиша Спасовски.

Тој додава дека протестирале против насилството и криминалот за кои дознале од прислушкуваните разговори на 20.000 лица, против замолчувањето на неистомислениците, против полициската бруталност и тепањето студенти, против неправдите со кои ги осиромашија граѓаните, против меѓународната изолација и заробената држава, мрачните сценарија и обидите за дестабилизација, против ставањето на личниот и партискиот интерес над граѓанскиот.

„Го вративме достоинството на граѓаните, ја вративме демократијата во државата, слободата на медиумите, независноста на судството… Од аспект на МВР, создадовме полиција блиска до граѓаните, партнер со граѓаните и вистински сервис за спроведување на нивните права.Денеска сме сведоци на една „активна блокада” на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која всушност е една активна кочница на исполнувањето и гарантирањето на правата на граѓаните, а со цел да се спречи континуираниот успех на СДСМ за напредок на државата. Се обидуваат да ги избришат вредностите кои ги воспоставивме, а кои не’ исправија на нозе како држава, не’ етаблираа како НАТО членка и не’ приближија кон ЕУ. Најавуваат и народен протест, но зошто?Тие не знаат зошто, протестираат против зголемени плати, против минимална плата од 18.000 денари, што во нивно време беше 9.000 денари, против функционалните институции, против успесите на меѓународен план, против се’ што значи напредок за граѓаните и државата.Молкот никогаш не бил опција, особено ако има за што да се крене гласот! Тоа го покажавме со народниот протест одржан на денешен ден пред точно 7 години, а со кој кажавме – Доста беше молк, режим никогаш повеќе!“, додава Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни