Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Македонија.
Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.
По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.