Министерството за транспорт и врски ја објави прелиминарната листа со 74 граѓани кои се потенцијални добитници на социјален стан во Гостивар.
Како што веќе информиравме, прелиминарната распределба се случи денес, а на настанот во Центарот за култура присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Според процедурите, во наредниот период, надлежната Комисија ќе прави детални контроли на терен кај лицата од прелиминарната листа, за да се утврди дали фактичната состојба е соодветна на документите, по што ќе бидат објавени имињата на добитниците на станови.
Комплетната прелиминарната листа со имиња, категории и бодови може да ја погледнете на следниот ЛИНК.