Македонија

Македонски фестивал во Маниса

Македонски фестивал во Маниса

Во турскиот град Маниса од 13 до 15 мај се одржа македонски фестивал, со настапи на фолклорни групи и познати интерпретароти на народната македонска музика пред наши иселеници во Турција.

На фестивалот присуствуваше владина делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а остварени се и средби со македонски здруженија во Турција.

Претседателот на македонското здружение „Мак-гоч“ со седиште во Маниса, Џевдет Џумерт, роден во селото Жировница, општина Маврово Ростуше, очекува овој фестивал да стане традиционален.

– Престојот на владината делагација предводена од македонскиот министер Оливер Спасовски заедно со првите луѓе на општините Струмица, Чашка и Маврово-Ростуше претставуваше голема почит и за одбележување на 30-годишнината од првото македонско здружение во Маниса, но и за сите иселеници. На средбите исто така побаравме оние иселеници кои ги исполнуваат законските услови да добијат македонски пасоши, бидејки интересот кај иселениците е голем, нагласи Џумарт.

Пратеничката во Собранието, Белкиса Зекири го потенцираше значењето на средбите со македонските здруженија во Турција.

– Oсобена чест и задоволство ми причина средбата со македонските здруженија во Република Турција. Незаменливо е чувството кога си помеѓу своите во Турција и кога комуницираш на својот мајчин македонски јазик во срцето на Измир, изјави Зекири за Радио Слободна Европа, која додаде дека топлиот пречек и од страна на турските власти на нашите делегации говори јасно дека почнуваме ново поглавје во односите со Турција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни