Нема простор за паника кај Кумановци, велат надлежните, откако водата на браната Липково поцрвене.
Имено, пред неколку дена во близина на браната се појави огромна црвена дамка во водата, а директорот на водостопанство Куманово, Оливер Илиевски вели дека, според првичните информации, причина за ова е одреден вид на алги кои ги има во водата.
Порачува дека целосните анализи ќе ги имаат во текот на наредните денови, но сепак додава дека нема простор за паника и сомнеж за квалитетот на водата.