Македонија

Колев: Место да појдат во Софија да се разбереме како браќа, властите од Скопје бараат странски држави да извршат притисок врз Бугарија

Колев: Место да појдат во Софија да се разбереме како браќа, властите од Скопје бараат странски држави да извршат притисок врз Бугарија

Петар Колев од ГДУ, ја обвини Македонија дека наместо да преговара со Бугарија за споровите кои Бугарија ги има покренато, таа се обидува да го тргне ветото барајќи странски држави да извршат притисок врз Софија.

„Проблемот е во тоа што во последните години Македонија прифати една тактика – место ние дојдеме во Софија на искрен, братски, братучедски разговор, со политичари од Бугарија, ние бараме да ги решиме нашите роднински проблеми преку притисок од странци. Зошто го правиме тоа?“, вели Колев.

Според него, причината за ова е што дел од македонската политичка елита не може да ја прифати реалноста од блиското и подалечното минато и да ја пренесе пред македонската јавност. Владите на Заев и на Ковачевски се обидоа да добијат поддршка од Германија, САД и други земји за да се надмине спорот со Бугарија, но досега ова не вроди со плод.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни