Македонија

ВИДЕО: Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид-Ресен, учествуваа три возила

ВИДЕО: Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид-Ресен, учествуваа три возила

Тешка сообраќајна несреќа попладнево целосно го блокира патниот правец Охрид-Ресен, јавува репортер на 4NEWS.mk.

Според нашите првични информации станува збор за сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили. По несреќата се врши увид, на лице место е присутна полицијата, а повредените се пренесени во болница со возило на Итна медицинска помош.

Сигналот за несреќата е пријавен околу 14 часот.

Поради несреќата сообраќајот на патот Охрид-Ресен е густ и отежнат, а формирана е и километарска колона автомобили.

Објавено е и видео од местото на несреќата:

Во Охрид и Ресен попладнево имаме нестабилно време со локални врнежи од дожд. Коловозот е лизгав, а тоа може да е и една од причините за несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни