Живот

Денеска е Св. Епифаниј Кипарски

Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија.

На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир.

Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет. Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече дека ќе биде епископ на Кипар.

Така и се случи по некое време. Во неговата 60 годишна возраст беше и против негова волја избран за епископ во градот Саламина, со чија црква управуваше 55 години. Се упокои во 403 година во длабока старост.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни