Македонија

Што треба да знаеме за мајмунските сипаници? – Еве како може да се пренесат и кои се симптомите

Што треба да знаеме за мајмунските сипаници? – Еве како може да се пренесат и кои се симптомите
На веб страницата на Институтот за јавно здравје е поставена информација во однос на мајмунските сипаници, кои забрзано се шират низ светот. Од Институтот велат дека преносот од животно на човек може да се случи преку директен контакт со крв, телесни течности или кожни или слузокожни лезии кај заразените животни. „Во Африка, докази за инфекција со вирусот на мајмунска сипаница се пронајдени кај многу животни, вклучувајќи верверички, гамбиски стаорци, глувци, различни видови мајмуни и други. Природниот резервоар на мајмунски сипаници сè уште не е идентификуван, иако најверојатно тоа се глодарите. Консумирање на несоодветно зготвено месо и други животински производи од заразени животни е можен фактор на ризик. Луѓето кои живеат во или во близина на шумски области може да имаат индиректна или ниска изложеност на заразени животни“, пишуваат од ИЈЗ. Од таму додаваат дека преносот од човек на човек може да настане при близок контакт со респираторни секрети, оштетувања на кожата на заразено лице или неодамна контаминирани предмети. „Преносот преку респираторни честички обично бара продолжен контакт лице в лице, што ги става здравствените работници, членовите на домаќинството и другите блиски контакти на активни случаи во поголем ризик. Сепак, најдолгиот документиран синџир на пренос во заедницата се зголеми во последниве години од шест на девет последователни инфекции од човек на човек. Ова може да го одрази опаѓањето на имунитетот во сите заедници, поради прекинот на вакцинација против големите сипаници. Преносот може да се случи и преку плацентата од мајка на плод (што може да доведе до појава на вродени мајмунски сипаници) или за време на близок контакт за време и по раѓањето. Додека блискиот физички контакт е добро познат фактор на ризик за пренесување, во моментов не е јасно дали мајмунските сипаници може да се пренесат конкретно преку сексуални патишта на пренос. Потребни се студии за подобро да се разбере овој ризик“, се вели во соопштението. Кои се симтомите за мајмунската сипаница? Периодот на инкубација (интервал од инфекција до почетокот на симптомите) на мајмунска сипаница е обично од 6 до 13 дена, но може да се движи во интервал од 5 до 21 ден. Инфекцијата може да се подели на два периоди:
  • Периодот на инвазија (трае помеѓу 0-5 дена) кој се карактеризира со треска, интензивна главоболка, лимфаденопатија (отекување на лимфните јазли), болки во грбот, миалгија (болки во мускулите) и интензивна астенија (замор, недостиг на енергија).
Лимфаденопатија е карактеристична за мајмунските сипаници и ги разликува од другите болести кои првично може да изгледаат слично (овчи сипаници, мали сипаници, големи сипаници);
  • Ерупцијата на кожата обично започнува во рок од 1-3 дена по појавата на треската. Исипот има тенденција да биде повеќе концентриран на лицето и екстремитетите отколку на трупот. Го зафаќа лицето (во 95% од случаите) и дланките на рацете и стапалата (во 75% од случаите). Засегнати се и оралните мукозни мембрани (во 70% од случаите), гениталиите (30%) и конјунктивите (20%), како и рожницата. Исипот еволуира последователно од макули (лезии со рамна основа) до папули (малку подигнати цврсти лезии), везикули (лезии исполнети со чиста течност), пустули (лезии исполнети со жолтеникава течност) и кора кои се сушат и паѓаат. Бројот на лезии варира од неколку до неколку илјади. Во тешки случаи, лезиите може да се спојат додека не се отстранат големи делови од кожата.
Мајмунските сипаници обично се самоограничувачка болест, со симптоми кои траат од 2 до 4 недели. Тешките случаи се јавуваат почесто кај децата и се поврзани со степенот на изложеност на вирусот, здравствената состојба на детето и природата на компликациите. Основните имунолошки недостатоци може да доведат до полош исход. Иако вакцинацијата против големи сипаници даваше заштита во минатото, денес лицата помлади од 40-50 години (во зависност од земјата) може да бидат поподложни на мајмунски сипаници поради престанокот на кампањите за вакцинација против големи сипаници на глобално ниво, по искоренувањето на болеста. Компликациите на мајмунските сипаници вклучуваат секундарни инфекции, бронхопневмонија, сепса, енцефалитис и инфекција на рожницата на окото со последователно губење на видот. Степенот до кој може да се појави асимптоматска инфекција е непознат. Смртност од мајмунски сипаници историски се движел од 0 до 11% во општата популација и бил поголем кај малите деца. Во последно време, стапката на смртност е околу 3-6%. Повеќе информации ТУКА!
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни