Македонија

Редовен брифинг на претседателот на Собранието: Пратениците утре се враќаат во пленарната сала

Редовен брифинг на претседателот на Собранието: Пратениците утре се враќаат во пленарната сала

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешниот редовен брифинг со претставници на медиумите, информираше за тековните активности во законодавниот дом, со акцент на можностите што ги нуди новата техника во салата за пленарни седници.

Претседателот информираше дека од утре (26 мај 2022 год.), пратениците се враќаат во салата бр.1, каде што, со почеток во 11 часот, ќе се одржи новата 72. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања.

Новинарите повторно ќе може директно да ги следат седниците од галеријата во пленарната сала, откако е вратен во функција и прес-центарот во салата бр.3.

Утре (четврток) на снимателите и на фото-репортерите ќе им биде овозможено снимање на инсерти на почетокот на 72. седница.

Новата модерна конференциска опрема во пленарната сала нуди целосно компјутеризиран и дигитален принцип на функционирање, поточно работа без хартија, управување со редоследотна говорници, унапреден видео-стримиг, видео-архива со пребарување, извештај за гласање на секоја точка на дневен ред…

Новата опрема, како и новиот веб сајт на Собранието, ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни