Македонија

Клиничката болница во Битола доби нов директор

Министерството за здравство ја разреши Билјана Гагачовска и за нов директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го именува Александар Обедниковски, лекар специјалист ортопед.

Обедниковски во ЈЗУ Клиничка болница е вработен од 2014 година кога истовремено специјализирал ортопедија, а во 2018 година суб-специјализирал трауматологија.

Своите стручни знаења тој ги усовршувал и во повеќе европски држави, меѓу кои Шведска, Грција и Франција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни