Амбасадорот Крум Ефремов од денеска повторно е во Киев, со тоа продолжува да работи и македонската амбасада во Киев.
Во Украина денеска пристигна и Министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи.
„Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставуме и нашата амбасада во Украина. Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ“, напиша Османи на Фејсбук.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи e во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со својот хомолот, Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина. Предвидено е министрите да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.
Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.