Во интервју за АНА-МПА, Метју Нимиц истакна дека отфрлањето на Договорот од Преспа, може да има длабоки и опасни последици. Пред гласањето на ратификација во грчкиот Парламент, Нимиц порачува да биде прифатен договорот за доброто на сите.
„Последиците од неуспехот на Договорот од Преспа ќе бидат длабоки. Не верувам дека брзо решение е можно доколку не биде прифатен овој договор. Јас предвидувам многу сценарија, а некои од нив би можеле да бидат многу опасни“, нагласи Нимиц.