Балкан

13 годишник во Србија е осомничен за лажни пријави за бомби

Новосадската полиција соопшти дека 13-годишник од тоа место е осомничен за лажни пријави за поставени бомби во Беочин.

Според соопштението, тој во претходните два дена испратил електронска пошта на неколку адреси во кои тврди дека бомбите биле поставени во основно училиште, предучилишна установа, спортски и културен центар во Беочин.

Полицијата извршила увид во сите тие институции и утврдила дека пријавите се лажни.

Извештајот за таа истрага е доставен до Обвинителството за организиран криминал, а информиран е и Центарот за социјална работа во Беочин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни