Македонија

ВИДЕО: Граѓаните во Тетово да останат дома! Неколку лица задушени по пожарот се бара интервенција на хеликоптер

ВИДЕО: Граѓаните во Тетово да останат дома! Неколку лица задушени по пожарот се бара интервенција на хеликоптер

Неколку лица се задушиле по пожарот кој рано утрово избувна во поранешниот тутунски комбинат во Тетово, информираа официјалните лица.

„Секторот за образование ги ослободи сите ученици, наставата е во прекин. Апел до сите граѓани да останат дома и доколку немаат итна работа да не излегуваат надвор. Не дека во моментов е опасно, но да видиме како ќе се развива состојбата“, изјави Бесарт Дурмиши, претседател на советот на О. Тетово.

На нив итно им е укажана лекарна помош и во моментов се во добра здравствена состојба.

Поради неможност да се справи сама Општина Тетово побарала помош од Гостивар и Скопје, а се бара и интервенција на хеликоптер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни