Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информира дека од Општина Куманово итно се испратени противпожарни екипи како поддршка на ТППЕ Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката во Тетово.
Тој додава дека дополнително една цистерна од Ј.П. Чистота и зеленили Куманово дава асистенција на нивните колеги комуналци во Тетово.