Македонија

Чека собраниските служби да се подготват, Џафери на албански јазик ќе ги води седниците

Прашање на денови е кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе почне да претседава со седниците, на албански јазик. Тој рече дека до крајот на месецот собраниските служби технички ќе се организираат за реализирањето на преводот.

Џафери денеска беше домаќин на неговиот црногорски колега, Иван Брајовиќ. Додека се зборуваше за употребата на албанскиот јазик, Претседателот на Собранието на Црна Гора, рече дека човековите права и правата на малцинствата треба постојано да се унапредуваат.

„Можам да кажам дека нашите искуства се одлични. Во нашиот факултет имаме насока за наставници на албанскиот јазик и мислам дека корпусот на човековите права, а во овој корпус спаѓаат и правата на малцинствата, никогаш не е завршен процесот за реализација на овие права. Тие права постојано треба да се промовираат за да го делиме заедничкиот дом во кој што живееме заедно“, изјави Иван Брајовиќ, претседател на Собранието на Црна Гора.

Инаку, во Црна Гора, во општините каде над 5% од жителите се Албанци, имаат право на употреба на албанскиот јазик.

Двајцата соговорници, Џафери и Брајовиќ, се согласија за важноста на регионалната соработка за стабилност, просперитет и развој на регионот. Претседателот на Собранието на Црна Гора, рече дека како земја членка на НАТО, со нетрпение чекаат да се отвораат вратите на Алијансата за Македонија, како 30 членка.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни