Владиката Тимотеј ги дочека премиерот на Македонија Ковачевски, претседателот на Србија Вучиќ, премиерот на Албанија Рама и лидерот на ДУИ Ахмети на Свети Наум.
Самитот на „Отворен Балкан”, кој се одржа во Охрид и чиј домаќин беше премиерот Димитар Ковачевски, заврши успешно и резултираше со потпишани договори, кои се со конкретни позитивни придобивки за граѓаните од регионот во сферата на туризмот, културата, во соработката на даночните администрации на земјите од иницијативата.
Лидерите на „Отворен Балкан“ го завршија денот на Свети Наум.
Лидерите на Отворен Балкан фрлија паричка за среќа во бунарот на Свети Наум.