ТОП 3 вести за денеска 13-ти јуни 2022 година.
1. По само три години откако беше отворена свечено и помпезно со прес конференции, фотографии, видео, изјави денеска падна таванот во детска градинка во Карпош. Среќа е што паднал за време на викенд, кога градинката била празна. За одговорност во моментов не се „пријави“ никој, а не треба ниту да очекуваме оти живееме во Македонија.
2. Од полноќ нова цена на горивата. Оваа вест повеќе од две недели е секојдневие за жителите на Македонија. Некако и на тоа навикнавме. Додека чекавме бројки за корона, сега секој ден чекаме за колку ќе рипне цената на бензинот и дизелот. Секое утро се кристиме во Регулаторна.
ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Поскапуваат горивата, ова се цените кои ќе важат од полноќ!
3. На иста тема, Регулаторна. Денеска беа објавени новите тарифи со кои најверојатно секој ќе плаќа поскапа струја од сега. Во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем