Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

Ламбе Алабаковски излезе на слобода!

Ламбе Алабаковски излезе на слобода!

Поп пејачот Ламбе Алабаковски, кој беше во куќен притвор, од денеска е на слобода, но нему му е одземена патната исправа, како мерка на претпазливост. Вака одлучи Кривичниот совет на Основниот суд во Битола , потврди за Телма адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски.

Тој е осмничен за подметнување на пожарот во Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, а според полицијата го признал делото.

Настанот се случи на 4 јуни, во раните утрински часови кога Алабаковски со бензин го запали влезот на културниот центар по што изгоре влезната врата на објектот.

Првично му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна. Се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни