Македонија

41 вработен во битолска фабрика затруени со храна – затворени двете мензи

41 вработен во битолска фабрика затруени со храна – затворени двете мензи

Земени се мостри од храна, брисеви од работни површини, брисеви од перосналоит и испратени се на соодветни анализи, вели директорката на Државниот санитаран и здравствен инпекторат за Тера Телевизија.

Две мензи затворени во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола заради сомнителни случаи за труење со храна кај вкупно 41 вработен.

Директорката за Државниот санитарен и здравствен инспекторат д-р Иринка Сотирова- Бухова за Тера Телевизија рече дека во четвртокот Државниот санитар и здравствен инспекторат ја затвори првата менза заради дојава од Центарот за јавно здравје во Битола, за вработени кои побарале здравствена помош заради симптоми сомнителни за труење со храна.

До сега биле пријавени 30 вработени лица кои се хранеле во таа менза.

Денеска, Сотирова- Бухова рече дека по истиот протокол затворена е и втората менза, заради пријавени 11 вработени со исти симптоми, кои се хранеле во втората менза.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни