Свет

Пронајдени украдените слики од Реноар: Уапсени шестмина осомничени

Пронајдени украдените слики од Реноар: Уапсени шестмина осомничени

Две слики од францускиот импресионист Пјер-Огист Реноар, вредни милиони долари, кои пред еден месец беа украдени од музеј на Француската ривиера, се пронајдени, а уапсени се шестмина осомничени, соопшти денеска градоначалникот на Кањ-сир-Мер.

Во раните утрински часови на 8 септември, крадци упаднале во комплексот на музејот „Реноар“ во градот, откако исекле отвор во оградата на градината и влегле низ прозорец, пренесува Ројтерс.

Украдените слики – „Мадам Колона Романо“ и „Млада жена кај бунарот“ – се во сопственост на музејот „Орсе“ во Париз и биле позајмени на музејот на Ривиерата. Делата на Реноар на аукции достигнуваат цени од десетици милиони долари.

„Оваа вест носи огромна радост и големо олеснување за градот Кањ-сир-Мер и неговите жители“, изјави Брајан Масон, градоначалник на градот на Француската ривиера.

Јавното обвинителство во Марсеј не одговори веднаш на прашањата за тоа како се пронајдени сликите, додека градоначалникот најави прес-конференција за 17:00 часот.

Крадците украле и две други слики: „Мадам Пишон“ и „Коко чита“, на која е прикажан најмладиот син на Реноар, Клод.

Сепак, тие ги оставиле во градината кога полицијата – предупредена за упадот преку аларм – пристигнала на местото на настанот и започнала потера.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни