Портпаролот на Европската унија Петар Стано во понеделникот најави дека на средбата ќе се разговара за енергетскиот договор.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, нешто по 10 часот во Брисел се сретна со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во рамките на новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво. Претходно Лајчак одржа билатерална средба со главниот преговарач на Приштина Бесник Бислими во зградата на Европската служба за надворешни работи.
Според европски извори, енергетиката и прашањето за исчезнатите се две теми за кои партиите ги приближиле ставовите, па постигнувањето договор е реална можност.