Свет

Во Газа се појави мурал посветен на Меклемор

Во Газа се појави мурал посветен на Меклемор

Во Газа се појави мурал посветен на американскиот рапер Меклемор, познат по својата поддршка за Палестина. Насликан на голема бетонска плоча среде урнатините на градот Газа, муралот го прикажува раперот загрнат со палестинско знаме и со крената тупаница. Покрај неговиот лик стои пораката: „Ти благодариме што го користиш својот глас за Палестина“.

Муралот е замислен и насликан од 26-годишната Ен Редван и уметникот Кусаи ал-Хело. Редван објасни дека на овој начин сакале да му се заблагодарат на раперот за неговата поддршка. „Сакавме да испратиме порака на благодарност до раперот Меклемор на овој едноставен начин“, изјави таа за Ројтерс.

Муралот беше создаден откако Меклемор беше отстранет од американскиот дел на турнејата на Ед Ширан. За време на настап во Њу Џерси, на почетокот на септември, тој повика на „слободна Палестина“, што ги наведе некои сопственици на стадиони да изјават дека нема да дозволат одржување концерти доколку раперот остане дел од турнејата. Ширан подоцна изјави дека одлуката за негово отстранување не била негова, туку на промоторот.

Меклемор потоа објави дека ќе донира еден милион долари – целата своја заработка од турнејата со Ед Ширан – на организации што им помагаат на Палестинците.

Меклемор долго време јавно ја поддржува палестинската кауза. Во 2024 година, тој ја објави песната „Hind’s Hall“, инспирирана од студентските протести за поддршка на Палестина на американските универзитети, а за време на настап на почетокот на септември, изрази желба луѓето во Газа и на Западниот Брег да знаат дека „не се заборавени“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни