Кина утрово испрати нов сателит во вселената од центарот за лансирање на сателити Џиукван во северозападна Кина.
Тестниот сателит „Тианксин-1“ беше лансиран од носачот на ракети „Куаижу-1А“ во 10:08 часот (време во Пекинг) и влезе во планираната орбита, пренесува „Ксинхуа“.
Сателитот главно се користи за експерименти како што се добивање информации и откривање на вселенската средина.
Тоа беше 15-та ракетна мисија Куаижу-1А, според центарот за лансирање.