Балкан

По 33 евра месечно за секое семејсто поради високите цени на горивата во Грција

Втора помош за гориво најави грчката влада. Таа има за цел да ги намали цените кои секојдневно растат. Овде во Грција се почесто се зборува дека може да се види бензин по цени од 3 евра.

Помошта е еднократна, но го опфаќа следното тримесечје, а целните ќе добиваат меѓу 26,6 и 33,3 евра месечно. Или за кварталот јули-септември, квалификуваниот потрошувач ќе добие до 100 евра. Износот варира во зависност од тоа дали примачот живее во континентална Грција или на некој остров, бидејќи цените на горивото таму се повисоки.

Така, ако грчки државјанин или постојан жител троши 60 литри месечно и плаќа 2,40 евра за литар бензин во континентална област (како што е Атика), литар всушност ќе го чини 1,96 евра. А ако живее на остров и таму литар бензин е 2,55 евра (на пример додеканеза), за 60 литри потрошувачка овој човек ќе плати бензин по цена од 1,99 евра.

Субвенцијата ќе се дава во форма на електронска картичка која ќе може да се користи на бензинските пумпи, додека грчките граѓани кои не можат да користат паметен телефон ќе ја добијат сумата на банкарска сметка.

Сепак, за луѓето кои ќе изберат да користат дигитална дебитна картичка, износот на финансиската поддршка се зголемува за 15 евра (минатиот квартал истиот стимулативен износ беше 5 евра).

Така, граѓаните кои користат електронска картичка ќе добијат субвенција од 80 евра, а оние кои живеат на островот 100 евра.

Од оваа помош можат да имаат корист сите жители на Грција со пријавен приход од 2021 година до 30.000 евра, зголемени за 3.000 евра за секој дополнителен член на домаќинството не повеќе од 45.000 евра, објаснуваат од Министерството за финансии.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни