Македонија

Петровска: На Министерството за одбрана му се кратат околу 18 отсто од средствата за модернизација, две години нема нови набавки

Петровска: На Министерството за одбрана му се кратат околу 18 отсто од средствата за модернизација, две години нема нови набавки

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска упати сериозни критики за начинот на кој актуелното раководство го управува Министерството за одбрана, тврдејќи дека се намалуваат средствата за модернизација на Армијата, додека новите набавки изостануваат.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Петровска се осврна на ребалансот на Буџетот, посочувајќи дека, според нејзиниот првичен увид, се намалуваат околу 18 проценти од средствата предвидени за модернизација.

„Некаде околу 18 проценти повторно се одземаат на Министерството пари кои биле определени за модернизација. За две години буквално ништо ново не е набавено“, изјави Петровска.

Таа тврди дека актуелниот министер Владо Мисајловски промовира опрема за која договорите биле склучени во времето на претходните министри.

Како примери ги наведе возилата JLTV и „Страјкер“, договорени во времето на Радмила Шекеринска, како и противвоздушниот систем, артилериската опрема и хеликоптерите, за кои посочи дека договорите биле потпишани за време на нејзиниот мандат.

Петровска истакна дека во Министерството оставила и целосна анализа за набавка на дронови, но дека, според неа, сè уште нема реализација.

„Набавка на дронови сè уште нема, ништо. Реконструкцијата на суштински објекти во Министерството не е завршена, се каска и со тоа“, рече Петровска.

Таа изнесе критики и за платите на вработените во Армијата и Министерството, тврдејќи дека тие стагнираат додека инфлацијата расте.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни