Балкан

Вучиќ: Верувам во европската иднина на Србија и на регионот

Вучиќ: Верувам во европската иднина на Србија и на регионот

По средбата на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави дека верува во европската иднина и на Србија и на регионот.

– Ќе се бориме заедно за таа иднина, почитувајќи се себеси и верувајќи дека заедно можеме многу – напиша Вучиќ.

Вучиќ објави и заедничка фотографија од учесниците на собирот.

Инаку, средбата на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел заврши нешто по 13 часот, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, веднаш потоа имаше билатерална средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни